x

Од осма лига и футсал, до петгодишен договор со Вулверхемптон

kilman-1024x576

Дефанзивецот Макс Килман, доби петогодишен договор од премиерлигашот Вулверхемптон. Ова доаѓа после одличниот меч против Лидс, во кој Килман го доби „епитетот“ играч на мечот.

Интересна е историјата за овој фудбалер. Пред две години стигна во тимот од петтолигашот Мајндехајм Јунајтед за 1,5 милиони евра. Но, кога ја почнал професионалната кариера, не добил шанса во Мајндехјм, туку бил на позајмица во осмолигашот Марлов.

Кога се вратил во Мајндехајм, имал одлична сезона и потпишал за Вулвси.

Интересно, во исто време играл и футсал, а настапувал и за футсал селекцијата на Англија. Минатата година прекинал со футсалот, и сега е целосно посветен на професионалниот фубдал.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата