Во Полициска станица Петровец вчера околу 14.00 часот, Е.Л.(39) од с.Чифлик, скопско,  пријавил дека во 13.45 часот на место викано „Шамак“, во атар на с.Петровец, по претходна меѓусебна расправија, Х.С.(19) од с.Петровец, со пиштол му пукал во ногата.

Полициски службеници излегле на местото на настанот каде бил пронајден Х.С., со повреда на главата од тап предмет, кој изјавил дека бил нападнат од Е.Л., кој потоа сам си пукал во ногата.

На Е.Л, Х.С. и неговата сестра Ф.С., за која не е познато како се здобила со повреди, им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен Јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на случајо