За да ги зачува своите три езера, а и другите води од натамошно загадување и да ја спречи нивната еутрофикација, пред с&”238;, од фосфатите, Македонија ќе донесе наредба со сила на закон за забрана на производство, увоз и употреба на прашкасти фосфатни детергенти за перење и течни детергенти за миење садови и таа, според најавите, ќе биде донесена во ноември. Според министерот за животна средина и просторно планирање Љубомир Јанев, поддршка за ваков закон е дадена од повеќето министерства, еколошки друштва, но и од производителите и увозниците на детергенти. Сепак, увозниците побарале рокот за примена на наредбата да биде една година, за да се потрошат сегашните количества на фосфатните детергенти и да ги исполнат нивните веќе преземени обврски, додека македонските производители “Охис” и “Алкалоид” најавиле дека можат веднаш да почнат да произведуваат бесфосфатни детергенти. (МИА)