x

Од Нексе порачуваат: Не сме без шанси против Вардар

sp3_0961_original-1024x683

Нексе на 29. овој месец ќе гостува во СЦ „Јане Сандански“ во реванш четвртфиналниот меч во СЕХА-лига. Вардар на првата средба победи со еден гол разлика (31-30) и покрај промените гласи за фаворит на оваа средба, која ќе го даде патникот за фајнл-фор завршницата.

Тренерот на Нексе, Хрвоје Хорват има проблем со повредени играчи, но верува дека истите ќе се вратат на време. Тој фаворитската улога му ја препушта на актуелниот европски и регионален првак, но вели дека имаат шанса.

„Секако дека не сме без шанси. Вардар е голем клуб, но имаше доста промени, се обиде да ги потполни „дупките“ кои настанаа. Колку успеа во тоа ќе видиме допрва, нашата предност е што не направивме големи промени и имаме воигран состав“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата