x

Од Нант порачуваат: Бидете смирени, тука е чичко Киро…

Денеска ракометарите на Нант ги стартуваа подготовките за наредната сезона. Секако дека за нас најинтересно е тоа што на собирот се појави и Кире Лазаров, нашиот најдобар ракометар на сите времиња. Насмеан, расположен се појави во кампот на својот клуб.

Од Нант пак, на својот официјален твитер профил порачаа: Бидете смирени, тука е и чичко Киро…

Се разбира мислеа на годините кои ги има Македонецот, и кој најавува дека има намера, барем уште една сезона да игра на врвно ниво во светот на ракометот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата