Ден по инцидентот меѓу Русија и Украина во Азовското море, кога Русија заплени три украински брода со употреба на оружје, состојбата во теснецот е стабилна, но расне напнатоста на политички терен. Советот за национална безбедност и одбрана на Украина предложи воведување на воена состојба, Русија пак бара итна вонредна седница на Советот за безбедност, додека од НАТО соопштија дека будно ја следат состојбата.

Воена состојба во Украина, војската на готовс

Министерството за одбрана на Украина соопшти дека војската е во состојба на највисока борбена готовност, по одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за воведување воена состојба во земјата, пренесува „Спутник“.

„Засилени се контраразузнавачките мерки со цел да се спречат други провокации од разузнавачките служби на Русија на територија на Украина и дестабилизација на ситуацијата во земјата“, соопшти Министерството.

Тензиите меѓу Русија и Украина се засилија по ситуацијата во Азовското Море. Бродови на руската крајбрежна стража запленија три воени украински брода во Црното Море кај Крим, кои се обиделе да преминат низ теснецот Керч. Руската страна употребила оружје за да ги принуди да запрат, а во инцидентот се ранети тројца украински војници, наведе Федералната служба за безбедност на Русија.

Украинската воена морнарица соопшти претходно дека испратила два мали алртилериски брода и еден брод што се користи за влечење на други пловни објекти од Одеса кон Мариопуљ, за што е потребно да се помине низ Црното Море околу Крим низ теснецот Керч во Азовското Море. Москва соопшти и дека над теснецот патролираат авиони Су-25. Поради ваквата состојба, Русија закажа вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за 11 часот по локално време.

11.15 Драма пред рускиот конзулат во Харков 

Пред сурскиот конзулат во Харков, група демонстранти запалила факели, а како што може да се види на фотографиите и снимките на лице место, во дворот на конзулатот се случил и мал пожар.

10.53 Украинскиот вршител на должноста повикан во Министерството за надворешни работи на Русија 

Вршителот на должносѕа во Амбасадата на Украина во Москва, Руслам Нимчински е повикан во Министерството за надворешни работи на Русија во врска со ,, провокативните акции на Киев во Азовското море”, изјави портпаролката на министерството, Марија Захарова.

Турција загрижена,  Полска со осуда до Русија

Турција утрово соопшти дека е загрижена поради последните случувања меѓу Русија и Украина, додека Полска го осуди „агресивното однесување на Русија”, објави „Ројтерс“.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека не треба да има сообраќајна опструкција во теснецот Керч, што го поврзува Црното Море со Азовското Море.

извор: Makfax