Црногорскиот министер за полиција Јусуф Каламперовиќ вчера изјави дека во почетокот на мај Црна Гора и Европската унија ќе потпишат спогодба за визни олеснувања. Според него, техничките преговори со Брисел за визните олеснувања и реадмисија се успешно завршени , што е предуслов за потпишување на спогодбата.