x

Од Лидс откриваат: Со Ибрахимовиќ се обидовме, останува Кавани

lids-2

Лидс Јунајтед по 16 години се враќа во Премиер-лигата. Челниците на клубот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Алиоски, и тренерот Биелса почнаа да го градат тимот за новата сезона.

Сопственикот на Лидс, Андреа Радрицани ја отрфли можноста за Златан Ибрахимовиќ, но најави дека ќе се обидат со Едисон Кавани кој замина од ПСЖ.

„Ибрахимовиќ е тешка задача, се обидовме да го донесеме во јануари, но тој го одбра Милан. Сега мислам дека е предоцна, интезитетот на фудбалот е поинаков.

Што се однесува до Кавани, со неговото искуство и физички предиспозиции може да се прилагоди на Англија, но за него немам зборувано со тренерот. Сепак, размисливаме за него и ќе видиме што ќе се случи, тој се уште е достапен како слободен играч“, порача газдата на Лидс.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата