x

Од Лабуништа си замина целото раководство, на чело со спонзорот!

И официјално ФК Лабуништа остана без раководство, како и без спонзор. Она што досега одлично функционираше, посебно во последните години, со оглед на најновите настани во државата и светот во поглед на корона кризата, доведе до тоа спонзорот Адем Нуроски да го откаже понатамошното спонзорирање.

Дека Лабуништа остана без спонзорот, за СПОРТМЕДИА  офиицијално потврди и Ивана Лескароска, досегашниот директор на клубот.

“За жал точни се информациите. ФК Лабуништа остана без својот спонзор кој долги години финансираше во клубот свои  лични средства. Не треба да се трошат зборови за Адем Нуроски кој успеа да од мал клуб да го воздигне Лабуништа во еден од најголемите во Втората лига – Запад, клуб кој лани играше и бараж за пласман во елитата. Да кажам дека и јас лично, но и претседателот Сафет Демироски, си одиме од клубот. Нема да бидеме веќе во ниту еден орган на ФК Лабуништа. Сите фудбалери се со слободни документи и се  исплатени до денар заклучно со месец март, а за април добија половина плата без разлика што беа дома. Следува Собрание на ФК Лабуништа на кој би требало да се одбере ново раководство, а најважно е сега да се најде нов спонзор, иако јасно е дека таков спонзор како Нуроски не може да се најде“ изјави Ивана Лескароски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата