x

Од Крањ до Тбилиси: Нека 239-тиот меч за Македонија биде ИСТОРИЈА!

bilans-makedonija

Приказната започна на 13 октомри 1993 година и тоа во Крањ, кога ја победивме Словенија со 4:1. Чекавме цели 27 години на ваков меч и тој дојде денеска, на 12 ноември 2020. На чекор сме од СОНОТ, на чекор сме од ИСТОРИЈАТА.

Во Тбилиси нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе го одигра својот 239 натпревар, ако победиме, тоа ќе значи дека сме победиле по 73-ти пат, но тоа ќе значи дека таа победа ќе биде историска, таа победа ќе не однесе на ЕВРО 2020. Нешто што до пред некоја година беше мисловна именка за нас.

Кога сме кај билансот на тие досегашни 238 меча на нашата репрезентација откако Македонија стана самостојна држава, имаме 62 ремија и 104 порази. Гол разликата е 276:315.

Се ќе заборавиме тоа што беше некогаш, ќе заборавиме на разочарувањата, на ретките победи и ремија над големите репрезентации, само едно нешто сега е важно, најважно.

А тоа е како да вечерва да славиме среде Тбилиси…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата