Според најновите податоци, 264.838 пациенти се опоравиле од коронавирусот во светот, што е 79 проценти од случаите, наведува Worldometer.
        
Најголем број пациенти коишто се опоравиле се во Кина – 77.078 лица. Според бројот на оздравени од коронавирус, по Кина е Шпанија со 38.080, по што следи Германија со 28.700. Во Иран има 22.011 оздравени пациенти, 21.815 во Италија, 17.977 во САД и 16.183 лица во Франција.
        
Вкупниот број заразени лица во светот е 1.274.575, а починале 69.487 лица, што е 21 процент од случаите.Во моментов има 940.250 активни случаи на коронавирус ширум светот, од кои 894.350 (95 проценти) се со полесна форма на болеста, додека 45.900 (5 проценти) се во сериозна, критична состојба.
        

извор: Makfax