Македонскиот гинеколог Николче Дамчевски починал од Ковид-19. Дамчевски стана познат на пошироката јавност откако беше осуден затоа што доведуваше жени во заблуда лажејќи ги дека се бремени, а починал во Софија каде избега откако беше осуден.

Дамчевски беше македонскиот гинекологот осуден на две години затвор за тешки дела против здравјето на луѓето и за несовесно лекување, а лекарската комора му ја одзеде лиценцата на седум години. Иако во медиумите се пишуваше дека Дамчевски е избеган во Софија и врши прегледи на пациентки, полицијата не успеа да го најде. По објавата на информациите во македонските медиуми, во Софија му беше прекинат работниот однос.