На денешната владина седница беше прифатена информацијата за прогресот на активностите во реализацијата на Акцискиот план за воведување на вакцинација за заштита од пневмокок и рота вирус.

„Во текот на овој месец до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани по 90 илјади дози од обете вакцини. Почнувајќи од следниот месец, родителите коишто сакаат нивното дете да прими некоја од вакцините, ќе имаат можност за тоа“, информираат од Владата.

Според светската здравствена организација, вакцината против Streptococcus pneumoniae ги штити децата од тешки заболувања, како пневмонија, отитис и менингит. Со воведување на вакцинацијата против Rotavirus, смета СЗО, децата ќе бидат заштитени од тешка форма на дијареи, како и од компликациите предизвикани од истите.

извор: Makfax