Венчањето на Богдана Родиќ и Вељко Ражнатовиќ сите љубопитно го исчекувале, а многумина и сакале да видат како дамите од семејствата ќе се облечат.

Анастасија, Бојана, Наташа, Цеца и Даниела заблескале во модерни комбинации, но која од нив е најдобро облечена.

1. Анастасија Ражнатовиќ

Сестрата на Вељко се облекла во светла сина тоалета со школкички во косата која и била собрана во реп. Пред тоа носела свечено, сино одело.

2. Наташа Родиќ

Особено внимание превлекла сестрата на Богдана Наташа Родиќ, која имала висок реп и фустан со долги ракави во светло розева боја.

3. Бојана Родиќ

Втората сестра на Богдана одбрала светликав комбенизон, кој делумно е проѕирен, па многумина сметаат дека е нај провокативна.

4. Светлана Ражнатовиќ

Цеца носела едноставен златен фустан, кој за неа го креирала Марина Висковиќ.

5. Данијела Родиќ

Мајката на Богдана на себе имала тиркизен фустан, со длабок шлиц.

Која од нив е најдобро облечена конечниот суд ќе го дадат следбениците на оваа прослава во некое од следните приказни од овој настан на деценијата.