Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора предложи да се воведат дополнителни мерки од денес за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

„Усвоените мерки ќе обезбедат да го потиснеме интензивното ширење на епидемијата во првата половина на октомври и да ги зачуваме здравјето и животот на населението“, наведува институтот.

Тие апелираат на строго почитување на донесените мерки и велат дека само така може да се стави епидемијата под контрола.

Од 28 септември (понеделник) до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите на коронавирус во Никшиќ, Беране и Андријевица, ќе биде забрането напуштање на домовите од 22 часот до 5 часот наутро, а работата на угостителските објекти и домашните посети ќе бидат забранети.

Од 28 септември во Рожаје е забранета работата на угостителските објекти и домашните посети.

Во Котор, Будва, Подгорица и Плeвла, од 28 септември до 12 октомври, угостителските објекти ќе имаат право да работат до 22 часот.

извор: Makfax