Oд денеска стапуваат на сила дополнителните царини од 15 проценти за кинеските производи во вредност од повеќе милијарди долари.

Претседателот на САД, Доналд Трамп одговарајќи на новинарско прашање дали е можно да се одложи примената на дополнителните царини рече дека тоа не можно, бидејќи тие се одобрени.

Дополнителните 15 отсто царини се однесуваат на дел од кинеските артикли во вредност од 300 милијарди долари од секторот на прехрана, текстил и мебел.

извор: Makfax