По одржувањето на првата седница на новиот состав, Државната изборна комисија преку соопштение упати повик до граѓаните дека во пресрет на престојниот референдум, јавниот увид на податоци на избирачкиот список ќе започне следната недела, односно на 9 август и ќе трае до 23 август.

Преку веб страната на ДИК, како и во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата, граѓаните можат да извршат увид во своите податоци, а доколку е потребнода побараат измена, дополнување или бришење на податоците во истиот.

Во избирачкиот список, се опфатени сите граѓани кои заклучно со 30 септември годинава станале полнолетни, и ќе имаат право на глас.

извор: Makfax