x

Од головите ќе зависи колку Јаховиќ ќе остане во Бешикташ, и колку ќе заработи

jahovic

Додека се чека да биде официјализиран договорот на Адис Јаховиќ со Бешикташ, турските медиуми веќе ги обелоденија деталите околу соработката со истанбулскиот клуб.

Јаховиќ би требало да потпише договор со „црно-белите“ до крајот на 2021 година, со опција да биде продолжен уште една година, до крајот на 2022 година. Таа опција автоматски се активира ако Јаховиќ во текот на договорот постигне 20 или повеќе голови.

Исто така и платата, поточно бонусот ќе зависи од головите. Доколку Јаховиќ стигне до бројката над 20 голови, освен што ќе му се продолжи договорот, ќе добие и дополнителни бонуси.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата