Од членството на Црна Гора во НАТО значително е зголемен приливот на странски инвестиции во земјата, а скоро половина од оние што пристигнаа во 2018 година беа од државите членки на Алијансата, рече Милош Јовановиќ, директор на Агенцијата за промоција на странски инвестиции.

„Приливот на странски инвестиции се зголеми за околу 30 проценти за 2018 година во однос на 2017 година, додека приливот на странски директни инвестиции од земјите членки на НАТО се зголеми за дури 64 проценти, што е голем пораст во однос на 2017 година“, истакна Јовановиќ, пренесува подгоричкиот портал ЦдМ.

извор: Makfax