x

Од Ајакс, Гронинген и Вардар до Ночерина

denkovski

Поранешниот Македонски младински репрезентативец Христијан Денковски е нов член на тимот на Ночерина. Ова е Италијански нисколигаш кој во моментов се натпреварува во четвртата по ранг лига во оваа земја, Серија Д.

Денковски извесно време е во Италија и се одлучи да премине во овој клуб. Некогашната голема Македонска фудбаска надеж во моментов има 26. години и очигледно дека преживува што се вели на фудбалски план. Од младинец на големиот Ајакс, и член на Гроринген, преку Вардар, а потоа и интернационалец во Шпанија, Црна Гора, а во меѓувреме и член на Пелистер, Беласица, Денковски не успеа во ниту еден момент да го исполни својот полн фудбалски потенцијал и да го искаже својот талент кој своевремено го поседуваше. Му посакуваме среќа во новиот клуб, и нека токму Ночерина биде пресвртница во кариерата на Христијан Денковски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата