Генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи, на својот профил на Фејсбук, им предложил на пратениците на коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива да ја бојкотираат работата на Собранието.

– Ако во наредните денови работите не се променат во корист на Албанците, јас ќе им предложам на раководствата и на претседателите на коалицијата ‘Сега е време‘ да ја бојкотираат работата на Собранието на Република Северна Македонија и со тоа да им стават до знаење на сите внатре и надвор од земјата дека не може да се поигрува албанското политичко достоинство- напиша Реџепи.

Идејата на Реџепи ја поддржа Арбен Таравари од Алијанса за Албанците кој вели дека станува збор за логично решение.

– Идејата на Реџепи е една од можните опции и тоа е многу логична идеја – истакна Таравари.