Ѓорчепетровци имаа можност да уживаат во прекрасната изведба на фолклорните ансамбли од Македонија, Босна и Херцеговина, Словачка, Полска и Бугарија и да бидат дел од овој меѓународен настан кој се одржува во Скопје традиционално од 1967 година.

Секој ансамбл се претстави со своја програма, а членовите беа облечени во свои традиционални народни носии.

Учесниците преку свои традиционални народни ора и песни ја претставија својата земја и ја воодушевија публиката со својот настап.