Во просториите на општината Гази Баба беше одржана трибина за подобрување на јавната свест за безбедноста на храната. Проектот е финансиски поддржан од Јапонска агенција за меѓународна соработка ЈИЦА” и ќе се спроведува во повеќе општини.
Презентацијата ја одржаа прим. д-р Ленче Јовановска, специјалист по епидемиологија и Воислав Димитровски од Агенцијата за храна и ветеринарство. Тие го нагласија значењето и предностите на здравата храна, нејзиното производство, избор на продукт, ознаките кои ги има, како и начинот на консумација.

Обуката беше наменета за наставниците во основните и средните училишта за значењето на безбедноста на храната и постапките кои треба да се применуваат за нејзино подобрување.
Од агенцијата велат дека тие ја кројат рамката и правилата кои треба да се исполнат за да се биде храната безбедна, но и дека секој производ поминува низ строги контроли пред да биде пуштен во продажба, затоа што најчесто храната е предизвикувач на разни заболувања.