Портпаролот на Кремељ, Дмитри Песков ја демантираше веста дека на новинарите намерно не им се издаваат акредитации за годишната конференција на претседателот Владимир Путин.

„Вкупно 99,9 отсто од новинарите кои поднеле барање за акредитација ја добија истата“ рекол Песков, пренесе ТАС С.

Тој рекол дека рекордни 1.702 новинари побарале акредитација за овогодинешната конференција. Според него, одбиени се само новинари кои имаат одредени здравствени проблеми и полициски досиеа.

Песков нагласил дека постојат посебни правила кога е во прашање конференцијата на шефот на државата.

извор: Makfax