x

Одобрена вонредна замена: Секој играч кој ќе добие силен удар во глава може да биде заменет

jimenez-nosilka

Секој играч кој ќе добие удар во глава за време на фудбалски меч со веројатност за постоење на потрес на мозокот, ќе може веднаш да биде заменет, дури и ако неговиот тим веќе нема право на замени.

Ова го одлучи Одборот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) на денешниот состанок. Иновацијата ќе стапи на сила следниот месец и во прво време ќе има само тест-карактер. Фудбалските федерации кои сакаат да го искористат ова ќе мора да достават барање до ФИФА и ИФАБ.

Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез неодамна се здоби со тешка повреда на главата по судирот со Давид Луиз за време на натпреварот од Премиерлигата против Арсенал. Потоа продолжи да игра, но подоцна беше изваден од игра, по што излезе дека има повреда на черепот.

Медицинските истражувања покажуваат дека голем број случаи на деменција кај поранешните играчи се резултат на ваквите удари во главата за време на нивните професионални кариери.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата