Поминаа само неколку дена откако Португалија ја освои Евровизија 2017, а веќе е познато дека следната, 2018, град-домаќин на најголемото европско музичко натпреварување ќе биде Лисабон. Салвадор Собрал во Киев и ја донесе првата победа на својата земја, и тоа почнувајќи од дебито на Португалија во далечната 1964 година.

Веќе е извесно дека Лисабон ќе биде домаќин, а се зборува дека потенцијално место на случување е МЕО Арената, една од најголемите затворени арени во ЕУ со капацитет од 20 000 посетители. Изградена во 1998 година МЕО Арената била домаќин на многу спорстки настани, како и доделувањето на МТВ музичките награди во 2005.

Датумите за одржување на 63. Евровизија во 2018 година би требало да бидат познати наскоро, кога всушност се очекува и потврда за локацијата на која ќе се одржи манифестацијата.