Комисијата за заразни болести вчера требаше да одржи состанок во врска со ситуацијата поврзана со КОВИД-19, но истиот беше одложен и презакажан за во понеделник. 

– Состанокот на Комисијата за заразни болести е одложен за во понеделник. Но, континуирано ја следиме состојбата. Ако бројката на новозаразени па пример денеска е 1 500, секако дека ќе се состанеме за да видиме што понатаму. Инаку, мерките кои се на сила, навистина се одлични и во голема мера може да ја намалат трансмисијата на вирусот. Но, мора строго да се почитуваат. Ако е кажано дека не треба да се излегува од дома без потреба, да не се излегува. И онака, воздухот е загаден и навистина нема потреба од гужви и собирања во овој момент. Имаме премногу хоспитализации, имаме премногу новозаразени, имаме премногу починати. Време е да бидеме свесни што се случува. Затоа и на неколку пати досега повторивме дека не ја исклучуваме мерката полициски час, но ајде да им дадеме шанса и на меркиве. Потребно е само малку повеќе дисциплина и послушност, велат од Комисијата за здравство за Фактор.

Според вчерашната бројка на новозаразени од КОВИД-19 во државата имаше 1295 новозаразени и 26 починати лица. Одовде може да се заклучи дека за Комисијата за заразни болести не значи ништо оваа голема бројка на новозаразени и починати лица од овој вирус.