x

Одложен мечот Вардар – ПСЖ во Лигата на Шампионите

vardar-1

ЕХФ предмалку објави дека мечот од Лигата на Шампионите помеѓу екипите на Вардар и ПСЖ и официјално се одложува. Истиот беше закажан за 10 септември но поради ситуацијата со Ковид 19 заразените ракометари, мечот ќе се одигра во некој друг термин.

Самиот Вардар поради ситуацијата во клубот, ја извести ЕХФ како и ПСЖ, па беше донесена ваква логична одлука.

За потсетување, Вардар во моментов е на шестата позиција на табелата во групната фаза по пет одиграни мечеви и освоени три бода од триумфот над Флензбург.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата