Диета која треае само четири дена но со неа нема драматично да ослабете, но со чуство на ситост ќе започне процес на слабеење.

Во повеќето диети исклучени се житарките од исхрана. Но, кога станува збор за пченкарно брашно тоа е поразлично. Оваа намирница се сврстува во редукциски диети, бидејќи на организмот му обезбедува јаглени хидрати, но не колку и пченичното брашно.

Пченкарното брашно е извор на витаминот Б, пантотенска киселина, фолат и витамините Е и К. Содржи влакна, каретеноиди, 18 аминокиселини и есенцијални минерали како што се цинк, железо магнезиум, фосфор, калиум, бакар, манган и селен. Ова брашно не само што е здраво, туку влијае на кожата, косата и ноктите.

Една шоља пченкарно брашно обезбедува два милиграма цинк, што е 25 отсто препорачано дневно внесување за жени и 18 отсто за мажи. Тоа е лековито за висок крвен притисок, го намалува холестеролот, ја омекнува столицата, и го штити дебелото црево.

Диетата која се препорачува трае 4 дена. Тоа не значи дека брзо ќе ослабете колку што сакате, но ќе го започнете процесот на слабеење. Успехот ќе се постигне со трајна промена на навиките во исхраната и физичка активност. За почеток на оваа јадење воведете дневно пешачење од половина час.

ПРВ ДЕН

300 г палента, домат, краставица, јаболка и 2 л вода. Можете да го поделете во два или три оброка.

ВТОР ДЕН

400 г палента, домат, крастаица, јаболка и 2 л воде – се ова можете да конзумирате во текот на денот, ваше е дали ќе го поделите на два или три дела.

ТРЕТ ДЕН

500 г палента, 300 г зелена салата, 200 г салата од свежа зелка, 2 моркова, лажиче маслиново масло и малку лимоново сок, 2 л вода и 3 шољи зелен чај без шеќер. Поделиете во три до четири оброци зависно од чуството за глад.

ЧЕТВРТИ ДЕН

600 г паленте, 300 г зелена салата, 200 г салата од свежа зелка, 2 моркова, лажиче маслиново масло и малку лимонов сок, 2 л вода и 3 шољи зелен чај без шеќер. Поделиете го од четири до пет оброци зависно од чуството за глад