x

Одигра 90 минути против Англија вчера, а денеска е позитивен на Ковид-19

allan-brown

Играчот од средниот ред на репрезентацијата на Р. Ирска, Алан Браун беше позитивен на коронавирус откако ги одигра сите 90 минути на пријателскиот меч против Англија.

Ѕвездата на Престон, настапи на Вембли во поразот на неговата селекција од Англија со 3:0.

„Фудбалскиот сојуз на Ирска може да потврди дека ирскиот играч за врска Алан Браун има позитивен тест за Ковид-19. Остатокот од персоналот и составот имаа негативни тестови пред неделниот дуел од Лигата на нации против Велс во Кардиф“, стои во соопштението од Ирската федерација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата