x

Одигра само 419 минути сезонава, а ќе си добие 8 милиони евра

rodrigez

Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез не се изнаигра сезонава, поголем дел од мечевите ги преседе на клубот, а добро за него е што платата не му зависи од тоа. Во сезоната 2019/20 Колумбиецот одигра само 419 минути и ќе си заработи 8 милиони евра, според шпанскиот весник „Марка“.

Тренерот Зинедин Зидан малку го користеше Родригез сезонава. Нивниот однос „прсна“ во 2016 година кога Колумбиецот го изрази незадоволството од Зидан затоа што го форсираше Касемиро во првиот тим.

Родригез минатата сезона беше позајмен во Баерн, но се врати пред почетокот на оваа сезона. На почетокот на Ла Лига беше стартер на неколку мечеви, но се повреди, а потоа падна во формата, па Зидан не го користеше.

Реал одамна се обидува да го продаде во некој друг клуб, но тешко е да се најде клуб кој ќе прифати да ја плаќа неговата висока плата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата