Контролите биле спроведени викендов, од 16 до 19 часот во играчници во Тетово, Теарце и Доброште, во кои нелегално се приредувале игри на среќа.

– Во трите објекти без фирма, чии сопственици се идентификувани пронајдени и со потврда одземени се 13 телевизори, 6 компјутерски куќишта, 8 монитори, 4 тастатури, 3 апарати за игри со кучиња, исто толку баркод читачи, 4 мали печатачи, 3 мауси, 3 далечински управувачи и по 1 принтер и рисивер. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости поврзани со работењето на трите објекти, по што против нивните сопственици ќе следуваат соодветни поднесоци по Законот за приредување игри на среќа, изјави Јосифовски.