x

Одби да и честита на противничката и ја фотографираше трагата како доказ ?

screenshot_1-3

Полона Херцог доживеа пораз од шпанската тенисерка Паула Бадоса во четвртфиналето на ВТА турнирот во Истанбул. Бадоса славеше со 2:1 во сетови, но словенечката тенисерка на крајот не го прифати поразот спортски. Таа беше бесна на судиските одлуки. Шпанката го испружи рекетот за да се поздрави со противничката, а таа само го напушти теренот. И не само тоа, го зема телефонот и ја фотографираше трагата каде што паднало топчето како доказ дека судиката донела погрешна одлука.

А Бадос почна да ја убедува судиката дека нејзината противничка треба да биде казнета поради своето однесување, а во еден момент и покажа среден прст.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата