Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето.

Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури и сл. што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, и сл.

Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Голема Богородица се празнува на 28 август според новиот (односно на 15 август според стариот) календар.

Низ цела етничка Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот Мала Богородица се одржуваат масовни народни собири.

Така е крај манастирот во Матка крај Скопје, кај црквата во центарот на Скопје, во Лешочкиот манастир крај Тетово, во Берово, и на повеќе други места.

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г Стефан по повод празникот Успение на Пресвета Богородица чиноначалствуваше со Светата Божествена литургија во истоимениот манастир во Матка кај Скопје.

Одбележувањето на празникот кај народот познат како Голема Богородица беше збогатено и со културно-забавна програма.

Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.

Во манастирот во саботата се одржа вечерна богослужба, Духовна академија, а имаше и полноќно бдеење.