Министерството за надворешни работи на Република Македонија традиционално со комеморативна церемонија го одбележува 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот,  и им оддава почит на сите жртви, вклучувајќи ги и 7144 Евреи од Македонија.

По тој повод, денеска во  Министерството се одржа комеморативна церемонија на која воведни обраќања имаа министерката за образование и наука, Рената Дескоска, и претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ. На настанот свои обраќања имаа и амбасадорите на Обединетото кралство, Чарлс Гарет, и на Сојузна Република Германиј,а  Томас Герберих, шефот на Мисијата на ОБСЕ, Нина Соумлаинен, како и директорот на организацијата Центропа од Виена.

Водени од таквите заложби, во Министерството беше отворена изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“ на која ученици од основното училиште „Петар Поп Арсов„ од Скопје беа водичи, специјално обучени за оваа пригода.

На комеморативното чествување присуствуваа министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, претставници на Еврејската заедница, на дипломатскиот кор, академската средина, медиумите, граѓанското општество и др.

извор: Makfax