Крадци рано утрово упаднале во музејот во Дрезден и украле наследство вредно речиси една милијарда евра, објави германскиот весник „Билд“.

Засега е познато само дека е украден исклучително вреден антички накит, чија вредност на старт е проценета на речиси една милијарда евра.

„Тоа е веројатно најголемата кражба на уметност во повоената историја“, рече портпаролот на полицијата, Томас Гитнер, кој нагласи дека крадците се во бегство.

Кражбата се случила во историскиот музеј „Грин валут“ во Дрезден, кој иначе содржи најголема колекција на наследства од сите музеи во Европа. Како што дозна БИЛД, арамиите краделе исклучиво накит, огромни предмети како вазни или слики оставиле зад себе.

Центарот на Дрезден, каде се наоѓа музејот, е преполн со полиција, која засега не дава никакви информации.

извор: Makfax