x

Ограбена ѕвездата на Фиорентина!

Франк Рибери, вчера по мечот меѓу Фиорентина и Парма, на кој тој одигра солидни 65 минути и помогна неговиот тим да победи со 2:1, кога се вратил во својот дом имал што да види. Имено крадци влегле во неговиот дом во Фиренца и го ограбиле. Недостигал накит, потоа поголема сума на пари и останати драгоцености.

Секако дека Рибери се шокирал и веднаш пријавил во полиција, по ограбувачите се трага, барем така велат медиумите во Италија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата