Вчера попладне во периодот од 14,00 до 18,30 часот од страна на непознат сторител, кој влегол преку отворена врата од црквата “Св. Јован Крстител” во Скопје, одземени се околу 15.000 денари и уништени се две камери, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax