Полицијата трага по куќната помошничка

Специјалното државно обвинителство потврдило дека од куќата на Аца Ѓукановиќ, брат на црногорскиот претседател, украдено е повеќе килограми злато, 33 часовници и неколку златника.

Обвинителката прецизирала дека од куќата на Аца Ѓукановиќ украдени се 1.053 килограми златен накит, 900 грама накит од злато без жиг, околу два килограми сребрен накит, повеќе златника и 33 часовници.

Таа на конференција за новинари рекла дека се сомневаат на Ана Пекушиќ која крадела вредни работи од домот на Ѓукановиќ…

– Во тек на 2019 година формирана е криминална група која за цел имала вршење на криминални дела. Членовите на таа група се А.П. и Р.Ф. Кај нив пронајдена е огромна количина украдено злато – рекла обвинителката.

Спрема нејзини зборови Пекушиќ работела кај Ѓукановиќ како куќна помошничка, која ја искористила довербата на Габриела Ѓукановиќ, сопруга на Аца Ѓукановиќ.

– Истрагата за овој случај е при крај – додала таа.