Две непознати лица ноќеска извршиле разбојништво на бензиската пумпа во с.Визбегово. Сторителите со закана со пиштол од вработениот одзеле околу 30 000 до 40 000 денари од дневниот промет, по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax