Агенцијата за приватизација на Србија упати јавен повик за понуди за приватизација на Новинската агенција Танјуг од Белград и 37 други медиуми во државата.

Во огласот се наведува дека Република Србија продава 100 отсто удел во сопствеништво во Танјуг и оти според извештај на овластен проценител, проценетата вредност на капиталот е 760.936 евра.

Право на учество имаат домашни и странски физички и правни лица кои може да се пријават најдоцна до 30 јули. Отворањето на понудите ќе биде на 3 август. Останатите 37 медиуми дадени за продажба во Србија се претежно помали радио станици.