Малкумина знаат што е тоа авто-пијанство, но ако го прашавте Британецот Метју Хог, тој само ќе завртеше со очите и ќе седеше во фотелја во очај.

Овој човек веќе 27 години се бори со пијанство и мамурлак без да пие чаша алкохол во животот!

За жал, неговото тело сè претвора во алкохол. Затоа тој мора да внимава што јаде и пие за да остане присебен. Што во неговиот случај е скоро невозможно.

Во тенкото црево на Метју, квасецот отекува толку многу што сè што јаде се претвора во чист етанол, кој потоа секако оди во крвотокот и тоа е проблемот. Кога тој беше на лекар за прв пат, тие ја отфрлија таа теза и тогаш сфатија дека е можно.

Метју никогаш не треба да пие во друштво на пријатели затоа што само тогаш би се формирал карамбол во неговото тело

„Доволно е да јадам ориз и ќе се чувствувам како да сум на забава со многу алкохол до утрото“, вели Метју.

Неговото семејство се потрудило да открие што се случило со Метју. Потрошија близу 65.000 евра на анализи, неколку десетици познати лекари и ништо. Негов најголем проблем беше низ растењето кога беше постојано пијан, па мораше да престане да се школува.

За среќа, тој сега, условно кажано, го реши проблемот. Дадена му е адекватна диета што не го прави пијан и може повторно да има контрола над својот живот.