Урамнотежената и здрава исхрана е клуч за витката линија, но голема улога игра и физичката активност. Сепак, иако сте успеале да ја регулирате исхраната, таа не ви ги носи саканите резултати.

Имено, резултатите од истражувањето на Универзитетот Кралица Мери во Лондон покажале дека можеби проблемот се крие во „тивкиот убиец“ на витката линија кого секојдневно го консумирате. Се работи за натриумот, кој првенствено се наоѓа во кујнската сол, а одделни истражувања покажале дека повеќето луѓе консумираат дури четири пати повеќе сол од што им е потребно.

Натриумот од солта поттикнува собирање вода во ткивото, па така делува контрапродуктивно на намалувањето на тежината, а неговата преголема консумација го отежнува топењето на масните наслаги и го забавува метаболизмот. Ако се суди според резултатите од ва истражување, со секој грам сол вишок кој го внесуваме во организмот, расте ризикот од дебелина за 25 отсто.

Освен што го забавува слабеењето, со намалувањето на солта во исхраната се намалува и крвниот притисок, а со самото тоа се намалува и можноста од кардиоваскуларни болести, вклучително и мозочни и срцеви удари и срцева инсуфициенција.