Американскиот претседател Доналд Трамп потпишал нова извршна наредба чија цел е намалување на високите цени на лековите за постарите лица.

“Деновите на глобалното бесплатно возење на сметка на Америка поминаа и цените брзо се спуштаат! Исто така договорени се сите попусти за посредниците, следи намалување на цените.

Претседателот на својот твит не открил детали од наредбата, но во текстот на веб страницата на Белата куќа објаснил дека системот Medicare, за лица постари од 65 години, ќе се финасираат од сојузните држави, ќе плаќаат само “цена нај исплатлива за државата“.

“Американците плаќаат лекови на рецепт по глава на жител повеќе од жителите од било која друга развиена земја во светот“, се наведува во преамбулата на наредбата.

“Не прифатливо е Американците да плаќаат поскапо за потполно исти лекови“

“Владите во другите земји ги регулираат цените на лековите преговарајќи со производителите на лекови како би обезбедиле поволни цени, оставајќи му на Американецот да ја дополни разликата – ефикасно субвенционирање на иновациите и ефтини лекови за остаток од светот“.

Оваа наредба не прв потег на Трамп против “Големите фармации“ (Big Pharma). Во јули потпишани се четири наредни договори за намалување на цените на лекови на рецепт, вклучувајќи возможен попуст и увоз на ефтини производи од странство.

Во 2018 година обвинети се странски компании за договорени цени на американскиот пазар, наплатувајќи далеку повеќе лекови отколку во други земји.

“Со децении други земји местеле систем така што на Американците им наплаќале многу повеќе за еден ист лек“.

Лекарските компании во странските земји ќе бидат одговорни за тоа каков систем поставиле против американските потрошувачи“.

Трговското тело на Фармацевските истражувачи и производители во Америка возвратиле, а извршниот директор Стефан Убл изјавил: “Администрацијата создава огромен дестимулативен фактор за истражување во американските биофармацевтки истражувања и произвотство“.

Трамп ја нападнал ТВ рекламата на компанија за лекови која тврди дека неговата политика ќе ги зголеми цените за постарите лица твитувајќи:

“Она што го направив е намалување на цената за најмалку 50 отсто, а Big Pharma со тоа е незадоволен“.