Овој возач не може баш да се пофали со одговорност и интелигенција. Очигледно типов на работа дошол со мотор, па кацигата си ја ставил на седиштето до себе. Но ете проблем, малку завртел, па кацигата паднала и се истркалала низ отворената врата на автобусот. Во тој момент возачот ја донел најпогрешната можна одлука – тргнал да ја „спасува“ кацигата и направил судар. 

Сега нема ни кацига, ни работа!