Штрудла од гриз и овошје
Фил:
3 погусти јогурта
2 филџанчиња гриз (може и пченкарен)
чашка и половина шеќер (од јогурт)
половина чашка масло (од јогурт)
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
9 кори
овошје: малини, вишни, капини
1 кисела павлака
Подготовка: За една штрудла потребни се 3 кори. Секоја кора премачкајте ја со филот (околу 7 големи лажици), а на последната наредете го овошјето. Завиткајте и обилно намачкајте со павлака. Постапката повторете ја уште двапати, со преостанатите кори. Печете на температура од 190-200степени , додека не порумени.
Пита од вишни
Потребно:
За тестото:
100 г наменско брашно за колачи
50 мл вода
30 мл масло
1/2 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
За фил:
300 г вишни
100 г путер за премачкување и шеќер за посипување
Подготовка: Во брашното додадете прашок за печиво, сол, вода и масло и со миксер замесете тесто. Тестото поделете го на два дела. На побрашнета работна површина едниот дел од тестото расукајте го во тенка кора и премачкајте го со путерот. Преливот од вишни распоредете го врз третина од тестото и внимателно завиткајте во ролат, па ставете во намастено тавче. Постапката повторете ја и со останатото тесто. Така добиените ролати премачкајте ги со јајце и печете на 200 степени околу 25 минути.
Колач од јогурт и вишни
Потребно:
200 мл јогурт
1 чаша шеќер
1/2 чаша масло
1 ванилин шеќер
2 јајца
2 чаши брашно
1 прашок за печиво
рендана кора од лимон или портокал
200 г вишни
За посипување: шеќер во прав Подготовка: Во подлабок сад измешајте ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете брашно, прашок за печиво, масло. Во намрсен и побрашнет калап сипете ја смесата и печете 15 минути во рерна загреана на 180степени. Тавата извадете ја од рерната и по тестото распоредете ги вишните, вратете во рерната и печете уште 15 минути. Печениот колач добро изладете го и пред служење посипете го со шеќер во прав и ванила по желба.
Пита од боровинки
Потребно:
За тестото:
300 г остро брашно тип 500
1/2 прашок за печиво
малку сол
6 лажици ладна вода
2 лажици шеќер во прав
150 г путер
За филот:
400 г боровинки
1 лажичка цимет
80 г мелени ореви
50 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
1 лажица презли
За премачкување: 1 жолчка
За посипување: шеќер во прав
Подготовка: Брашното измешајте го со прашокот за печиво, додадете путер исечен на ливчиња, сол и шеќер и се заедно изронете со прсти и на крајот додадете ладна вода. Замесете мазно тесто и оставете го во фрижидер 30 минути. Боровинките добро измијте ги и исцедете ги. На набрашнета работна површина дел од подготвеното тесто развлечете го во кора малку поголема од калапот, па ставете ја во (со пречник 25-30 см) претходно подмачканиот и набрашнет калап. Со тестото прекријте го дното и страните на калапот. Одозгора посипете со презла и распоредете ги исцедените боровинки, се посипете со цимет, шеќер во прав, ванилин шеќер и ореви. Преостанатото тесто расукајте го во тенка кора и неа ставете ја врз боровинките, одозгора премачкајте со жолчка, а на некои места набоцкајте со виљушка за да не испука тестото при печење. Печете 35-40 минути на 180 степени. Питата послужете ја посипана со шеќер во прав. Место боровинки може да се користи кое било зрнесто овошје, свежо или замрзнато.