Фрапе од банани и јагоди (француска кујна)
Потребно:
2 банани
30 дг јагоди
3 дл млеко
1-2 дл минерална вода
2 топки сладолед од ванила
по желба малку рум
лимон
Подготовка: Излупете го овошјето. Матете го со другите состојки додека не добиете пенаста течност. Сипете во разладени чаши и украсете со парчиња лимон (ставени на работ од чашата).
Фрапе од капини (француска кујна)
Потребно:
400 г свежи капини
шеќер во прав по желба
2 лимети (лимона)
2,5 дл јогурт
2,5 дл млеко
1 кесичка ванилин шеќер
кришки лимета за украсување
Подготовка: Капините измијте ги и исчистете ги. Додајте шеќер во прав и проварете. Оставете ги да се оладат, па со јогурт, млеко и ванилин шеќер добро измиксирајте ги. Додајте го сокот од лимети. Сервирајте ладно и во високи чаши со сламка.
Фрапе ројал
Потребно:
2 топки сладолед од ванила
1 жолчка
1 лажица слатка павлака
1 дл свеж сок од портокали
2 дл млеко матена слатка павлака
чоколада за украсување
Подготовка: Ставете се освен матената слатка павлака и чоколадата во миксер. Кога ќе добиете густа пена, претурете ја во поголеми чаши, украсете со слатка павлака и посипете со чоколада. Послужете веднаш.
Фрапе од банани
Потребно: (за една чаша)
1 мала банана
1 лажичка мед
1 дл јогурт (или слатка павлака)
малку млеко
Подготовка: Сите состојки ставете ги во чашка миксер и добро изматете. Така изматеното фрапе послужете го во висока чаша, претходно украсена.
НАСЛОВ: Овошен шејк
Потребно:
1,5 чаша млеко
1 зрела банана
1 излупена праска исечена на коцки
неколку коцки мраз
10 г шеќер
Подготовка: Сите состојки ставете ги во сад и мешајте додека масата не се згусне. Ставете во стаклен сад и оставете да стои на ладно се до служењето.
Шејк од јагоди и лимон (англиска кујна)
Потребно:
250 г обичен јогурт
250 мл обрано млеко
500 г измиени и исчистени јагоди
1 лимон
Подготовка: Јогуртот и обраното млеко ставете ги во миксер. Додајте ги јагодите и добро изматете. Добиениот шејк сервирајте го во високи чаши и во секоја додадете по неколку капки лимон. Украсете со цели јагоди набоцкани на коктел стапчиња. Сервирајте со сламка.