Секој од нас има свој живот и свои избори, но никогаш не дозволувајте да се водете по туѓи избори и решенија…

Нема волшебно стапче, но овие 15 сурови вистини за брак мора да ги знаете:

1. Бракот не ги решава вашите проблеми, ни осаменоста, ни чуство на празнина. Бракот неможе да ги компензира било чии недостатоци – напротив во бракот тие ќе бидат по изразени. А другото лице нема да молчи. Мора да се научите како да се изборите со своите недостатоци.

2. Никој нема исрено да ви каже дека е подобро да се остане сам отколку да прифатете некоја опција само затоа што мислиме дека друга нема да има.

3. Децата не носат секогаш само среќа. Со деца доаѓаат куп проблеми, неспиење, одземање на сопствен и лично време.

4. Бракот е двострана одговорност, ако е секој одговорен за себе, а не за партнерот, се ќе биде многу полесно и поубаво.

5. Секое семејство кое го сметате за идеално има свои проблеми, да не речеме мрачни страни. Не постои совршено семејство.

6. Секоја љубов поминува. Ако не сте научиле убаво да разговарате, да сепочитувате се и да грижете се еден за друг, таа врска тешко дека ќе трае.

7. Многумина партнери еден со друг се лажат кога е во прашање се*с. Жените глумат оргазам, понекогаш и мажите, но и двајцата се назадоволни и лути. Мора да научите да разговарате за се, па така и за сексуалните желби и се за останато.

8. Ако од почеток немате ништо заедничко со партнерот, мали се шансите дека со тек на време нешто ќе се појави. Во тој случај нема за што да жалите – сами си одбравте.

9. Мора да научите да ги признавите сопствените грешки. Ако сте сватиле дека личноста која сте ја одбрале не е за вас, заминете си. Не се залажувајте себе си а ни партнерот.

10. Луѓето не се менуваат, туку со текот на времето се отвараат и ги симнуваат маските. Со својата љубов никого нема да го променете. Ако вашиот партнер одлучи да се промени поради вас, тоа е негова одлука и тоа може да успее. Но ако мислете дека сте волшебник кој може се со помош на љубов, вие сте блесави.

11. Никоја духовна пракса нема да ве спаси од реални проблеми. Тоа што сте одлулиле да не ги гледате проблемите не значи дека тие ќе исчезнат.

12. Неможете да живеет по туѓи совети. Едноставно, иста работа не функционира кај две различни личности.

13. Со мажите е лесно – на нив потребна им е подршка, некој да ги слуша, храни и да не им ја одзема нивната улога. Лесно е и со жените – со нив мора да разговарате, да ги сакате и да им овозможите чуство на сигурност. Лесно е со секого ако сте искрени и не сакате да го уништите партнерот на било кој начин.

14. Создавање семејство и раѓање дете треба да дојде тогаш кога за тоа сте подготвени и кога тоа вистински го сакате. Мислењата на други луѓе и ставовите не треба да се зема во предвид.

15 Ако сте згрешиле, простете си себеси и тргнете понатаму.

Животот е премногу убав и интересен за да со сопствени раце го претворите во пекол.