Тие се отелетворение на страсти и силни емоции, вистински примери за односи кои едноставно неможат да се одбегнат. Осум знаци, осум различни карактери. Колку и да се расправаат, тие се судбински предодредени еден за друг. Магнетски се привлекуваат и лудо се сакаат. Откриете дали вие и саканата личност сте меѓу нив.

Овен и Вага

Помеѓу овие два знака постои силна привлечност, бидејќи се толку спротивни и едниот знак дава она што на другиот му недостасува. Како два магнета, се привлекуваат се додека попуштат и не завршат во прегратка. Проблем се јавува кога Овенот станува премногу нетрпелив. Овновите не размислуваат доволно, тргаат во акција, а потоа брзо се итересираат за нешто друго. Вагата тогаш може да се повлече од се и да побара некој постабилен. Овенот од друга страна би можел да побара некој кој ќе го гледа со повеќе восхит, бидејќи тоа му е потребно. Врската на овие два знака е можна, но ако е базирана само на филозовска привлечност, ќе биде со краток век.

Бик и Шкорпија

Бик и Шкорпија толку сакаат се*с што таа компактибилност ќе им даде сила да ги надминат скоро сите други разлики. Двата пертенери чуствуваат потреба за стравствени игри. Ако се друго е во ред, ниеден од нив нема никогаш да почуствува потреба за изневерување. Надвор од кревет тие се помалку компактибилни. Подеднакво се тврдоглави и љубоморни. Бикот го сака својот партнер како трофеј, додека Шкорпијата го сака Бикот во емоционална смисла. Доколку дојде до проблеми, потребна им е многу зрелост за да ги решат. Врската е исполнета со можни конфликти, но од друга страна – постои огромна привлечност и врската може да успее ако партнерите се толерантни.

Рак и Јарец

Астролозите сметаат дека тие се одлична комбинација. Тврдоглав и амбициозен Јарец одлично ќе се надополнува со Рак, кој сака да мечтае понекогаш и премногу. Со време овие два знака наоѓаат заеднички јазик и лесно ќе го ускладат темпото во заеничкиот живот. Двата знака се штедливи и внимателни во трошење пари, и од таа страна тешко се случат било какви несогласувања. Верни се и не се склони на флертување и забранети излети настрана. Тие наоѓаат задоволсто во мали животни радости.

Лав и Водолија

Во кралството на неговиот свемир Лавот неможе да и одолее на Водолијата. Со бунтовниот дух Лавот одушевува, а Водолијата е негова најатрактивна харизма. Ниеден нема лесно да ја препушти доминацијата на другиот. Лавот се интересира само за себе, додека Водолијата сака да истражува и ја интересира и остаток од светот. За среќа, Водолијата во Лавот ќе пронајде доволно интерсен материјал, кој ќе ја задржи до него. Како и секоја друга комбинација на спротивни знаци, и оваа може да заврши со среќна врска или целосна катастрофа.