И според хороскопт, и во реалниот живот, оваа 2020-та година беше една од насложените и најтешките во последната деценија. И тоа за секого низ Европа, и поголемиот дел од светот. Но, тешките времиња полека заминуваат, за некого порано, за други подоцна но, во секој случај, многумина имаат причина да се надеваат на по ведри денови.

Така пишува и во Хорскопот. Неделава, од 14. Декември, ќе биде поволна за три хороскопски знаци.

Соларната еклипса е голем астролошки настан оваа недела, а таа настапува во знакот Стрелец што ни носи спонтаност, брзина и авантури.

Ова е значајно време во вашиот живот кога треба да престанете да се плашите и кога конечно ќе донесете важна одлука за нешто за што сте размислувале одамна.

Но, соларната еклипса не е единственото нешто што се случува оваа недела. На 15 декември, Венера (планетата на љубовта) влегува во Стрелец, што го отвора вашиот ум кон нови патишта на романса и отвореност. На 17 декември, Сатурн (планетата на кармата и традицијата) влегува во Водолија, подготвувајќи ве за важно преструктурирање на животот и општеството.

Доаѓаат големи промени, но ова ќе биде убава недела за 3 хороскопски знаци.

Овен – Ако чекавте одговори на многу прашања, сега е време за нив

За вас започнува авантура, едно спонтано патување кое ќе ве однесе некаде неочекувано, а тоа е местото каде што всушност припаѓате. Не ги игнорирајте советите од другите, ниту пак нивните покани и иницијативи. Ако баравте одговори а досега имавте проблеми да ги најдете, ова е време на многу од нив. Промените доаѓаат за вас, а тие се убави.

Лав – Заборавивте што е љубов, но наскоро ќе се потсетите

Ги знаете оние убави емоции, пеперутки во стомакот само кога сте лудо вљубени? Тие доаѓаат за вас оваа недела. Досега го игнориравте овој аспект од животот, фокусирајќи се на други теми, но доаѓаат ситуации кои ќе ви го отворат срцето. Животот е прекраток за да се плашите од чувствата.

Стрелец – Вие очекувајте вистински, темелни промени

Оваа недела е една од најубавите оваа година за вашиот знак. Вашиот живот може да се промени од корен, означувајќи крај на една ера, а почеток на друга. Иако можеби тоа ќе ве изненади, сепак самата промена е за добро и ви носи огромна самодоверба. Сакајте се себеси и верувајте во најдоброто, бидејќи тоа и доаѓа за вас оваа недела.